Еден од најдобрите напаѓачи во италијанското првенство Един Џеко треба да го засили Интер, заедно со тренерот Антонио Конте.
Тамошните медиуми тврдат дека Босанецот се договорил со раководството на миланскиот клуб кој му ги исполнил сите услови и нема повеќе пречки за негов трансфер. За три години тој треба да добие плата од 4,5 милиони евра по сезона, плус бонуси.
Интересно е тоа што Џеко зад себе има една од најлошите сезони во кариерата: постигна девет гола во Серија А и пет во ЛШ.