Овој напиток треба да го пијат пушачите, но и непушачите за да ги исфрлат токсините од нивните бели дробови.
Упорната кашлица е карактеристичен симптом, на вирусна или пак бактериска инфекција на дишните органи, која што е проследена со густ секрет во грлото, синусите и белите дробови.
За овој напиток кој што ги чисти белите дробови, потребно ви е:
– 400 грама кромид;
– 1 литар вода;
– 400 грама шеќер (доколку сакате поздрава варијанта користете мед или јаворов сируп);
– 2 лажици куркума;
– корен од ѓумбир.
Подготовка:
Во водата додадете го шеќерот, ставете на оган и почекајте да зоврие.
Главицата кромид исечете ја на 4-ни, изрендајте го коренот од ѓумбир и ставете ги во зовриената вода.
Кога смесата ќе почне повторно да врие, додадете куркума, па оставете да врие.
Сето тоа заедно нека врие додека количината вода не се преполови.
Потоа процедете ја течноста и ставете ја во стаклен сад. Кога целосно ќе се излади, ставете ја во фрижидер.
Консумирајте по две лажички од овој еликсир наутро, на празен стомак и два часа по оброкот.