Собирачот на топки го удри по глава бидејќи задржуваше време

1060

Во финишот се случи еден интересен момент, кога дете што собира топки на Ајакс, наместо да му ја додаде топката на играчот на Рома, Калафиори, тој со сета своја сила ја фрли кон него и го удри.

Се гледа дека играчот на Рома веќе имаше топка во своите раце, но со цел да задржи време, ја фрли таа топка и отиде да земе друга. Си го бараше, и ударот кој го доби и жолтиот картон од судијата.