Собранието, ги донесе одложувањето на Закониот за попис домаќинствата и становите по скратена постапка и измените и дополнувањата на Изборниот законик.
Измените и дополнувањата на Законот за попис беа донесени со 95 гласа „за”, а „против” гласаа 12 пратеници. Во рамки на гласањето по Бадентер, 26 пратеници од заедниците гласаа „за”, додека 12 против. Воздржани немаше.
Исто така со 95 гласа „за” беа донесени измените на Изборниот законик, кои беа поднесени од сите пратенички групи и за кои немаше расправа. Против и воздржани немаше. Во гласањето по Бадентер, 27 пратеници припадници на заедниците гласаа „за”, а против и воздржани немаше.
Ова следува откако претходната недела на тет-а-тет средба го договорија лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
По завршување на 38. седница на Собранието започна гласањето по заостанатите точки од 20-та, 25-та, 26-та, 29-та, 30-та и 34-та пленарна седница.