Сочен, мек и божествен: Брз колач со јаболка кој се подготвува во еден сад

680

Денеска ви претставуваме еден едноставен рецепт за вкусен десерт кој ќе ги задоволи сите ваши сетила.

Освен што е вкусен, се прави брзо и лесно, а се што ви е потребно за припрема е само еден сад.

Потребни состојки:

– 120 гр. брашно

– 1 лажица прашок за пециво

– прстофат сол

– 120 гр. путер

– 150 гр. шеќер

– 2 големи јајца

– 1 лажица екстракт од ванила

– 3 лажици рум

– 2 слатки јаболка

Начин на припрема:

1. Измијте, излупете ги и исечкајте ги јаболката на коцки.

2. Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Премачкајте го калапот за торта со дијаметар од 24 центиметри со масло, а дното покријте го со хартија за печење.

3. Измиксирајте го омекнатиот путер со шеќерот, па додавајте едно по едно јајце. Додајте го екстрактот од ванила и румот, а потоа се заедно добро измешајте со миксерот.

4. Додајте ги сувите состојки, брашното, прашокот за пециво и солта во смесата и измешајте ги со дрвена лажица, а на крај додајте ги и јаболката.

5. Излијте ја смесата во калапот, па на врвот додајте малку шеќер, отприлика една полна лажица.

6. Печете 40 минути, а потоа оставете да се излади пред да го извадите од калапот.

7. Изладениот колач посипете го со шеќер во прав.