На завчерашната прослава на Денот на независноста на САД, која се одржа во Американската амбасада во Скопје, се случи пропуст со македонската национална химна.
Пејачката Тамара Тодевска ја отпеа химната без строфата каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои, а по ваквиот инцидент, таа се извини на својот Фејсбук профил, објаснувајќи дека била понесена од емоциите и целокупната еуфорија. Подоцна, премиерот Зоран Заев потврди дека станува збор за ненамерна грешка.
Но, социјалните мрежи не престануваат да пишуваат дека ваквото непочитување на државните симболи претставува национален срам, а некои дури и бараат кривична одговорност на пејачката.
Еве само дел од реакциите на македонската јавност кои се појавија на Твитер:
конкурсот за најкреативно извинување трае до утре, ве молиме продолжете со глупостите.
— Бојан (@hasawatermark) July 4, 2019
Ај да ја потсетиме @TamaraTodevska како е текстот на Македонската Химна.
Истото важи и за @VladaMK која е брани од петни жили, по не знам која основа, вероватно затоа што е нивни репрезент, и им гори под нозе.
Но, тие си знаат. pic.twitter.com/1RzSgJh7GY— Фортификација (@Fortifikacija) July 4, 2019
да се извинеше до Небо ќе и простевме, ама до Дното? Знаев дека од секогаш многу во државава чашите ги гледале полупразни, а не полуполни ??????
— Stojan Stojanovski2S (@Stojan2s) July 4, 2019
Три пати се извинила сепак… pic.twitter.com/GNOVT1jkHF
— Еск0бар (@Eskobar_od_SK) July 4, 2019
во прво оделение се учи химната само да ве потсетам, а некои дечиња уште во градинка ја знаат ако посетувале.
— Εφτελια (@eftelijanamajka) July 4, 2019
Среќен 4. Јули на сите што не ја знаат баш химната.
— Chlamydia (@Schiffer_PG14) July 4, 2019
Штом ги исфрлиле Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански од химната, треба да се исфрли и делот крени глава гордо високо.
— Man (@Goran_Man) July 4, 2019
Со кое право се осудуваш да ја измениш македонската химна и да ја пееш во твоја верзија онака како што тебе ти одговара? Наместо да си ја гледаш својата музичка кариера се мешаш во политиката, засрами се, си навлече гнев од македонскиот народ!@TamaraTodevska не вредиш ни 5 пари! pic.twitter.com/5hYv6eawA5
— ⚡?Афродита?⚡ (@afro_di_ta1) July 4, 2019
Ајде Тамара, кажи колку ти платија да "заборавиш" да го отпееш делот кај што се спомнува Гоце Делчев ? pic.twitter.com/jZ6t926EiZ
— Бони Топ (@bonitopp) July 4, 2019
Јас веќе имам предлог до @USEmbassySkopje кој догодина би можел да ја испее химната на Македонија без грешка.
Е сега, Мукоски си кошта повеќе од Тамара. pic.twitter.com/M9rcXQOEGo— Мартиан (@MartianFromMKD) July 4, 2019