Софија Милошевиќ: „Ме обвинија дека сум му го растурила бракот, а јас сум само вљубена до уши!“ (ФОТО)

732

Убавата Софија Милошевиќ веќе неколку месеци ужива во љубовта со фудбалерот Лука Јовиќ, и повеќе не крие туку гордо истакнува дека е за вљубена до уши.

Манекенката и фудбалерот најпрво ја криеја романсата, меѓутоа, неколку недели откако беа фатени во Мадрид шетајќи додека се држат за рака, манекенката започна да зборува за нивната љубов во медиумите. Како што вели, Лука ја освоил со искреност.

„Јас сум за вљeубена. Јас сум едно големо дете, а Лука ме освои затоа што ја носи во себе истата работа – детската чесност. Децата во нас се препознаа“ – изјзвила Софија.

Бидејќи фудбалерот доби син во февруари годинава со неговата поранешна партнерка Ангела Маниташевиќ, а природата на нивната врска со јавноста беше мистерија, многумина ја осудија Софија кога таа влета во романса со Јовиќ.