Софија Вергара сензуална убавица во новата кампања на Долче и Габана

638

Безброј пати ја гледавме на црвениот тепих во креации од Долче и Габана, па како логичен развој на партнерството, Софија Вергара стана заштитно лице на модната куќа на популарното дизајнерско дуо.

Во кампањата за линијата чанти „Devotion“, 44-годишната ѕвезда од серијата „Modern Family“ позира во заводливи фустани и чанти инспирирани од летото и идилични италијански локации.

Софија ВергараСофија Вергара

„Почестена сум што сум дел од семејството Долче и Габана и што сум вклучена во толку значајна кампања која ја слави прекрасната Devotion чанта. Ова е бренд кој го сакам долго време. Благодарна сум што ја снимав кампањата во Италија, во која имам создадено многу специјални спомени. Испраќам љубов кон цела Италија“ – порача Вергара.

Софија ВергараСофија ВергараСофија ВергараСофија ВергараСофија Вергара