На дуелите со Војводина и со Нексе, на дресовите на Вардар можеше да се забележи ново име, компанијата Сингулар. Станува збор за софтверска компанија од Македонија, која изработува софверски решенија за онлајн обложување и за дигиталните игри на среќа.
И таа се приклучила на семејството поддржувачи на најтрофејниот македонски ракометен тим, кое бавно, но стабилно расте. Во западниот, поразвиен спорт не е ретка појава спонзори на спортски клубови да се компании од банкарскиот сектор, од областа на софтверските услуги или општо од услужните дејности, па можеби ова ќе претставува своевиден зачеток на некој таков тренд и кај нас.