Сообраќајка на автопатот Тетово – Гостивар: Се судрија четири возила на патарина

1240

Четири патнички возила денеска се судрија на автопатот Тетово – Гостивар. Како што известуваат од СВР Тетово, во несреќата која се случила во 13:40 часот на патарината кај Тетово, едно лице е полесно повредено, а истото е пренесено во тетовската болница.

Во сообраќајката учествувале “хонда” со словенски регистарски таблички, управувана од 56-годишниот Ф.В. од Добридол, гостиварско, “пежо” со охридски таблички управувано од Д.Г. (50) од Охрид, “цитроен” со бугарски регистaрски таблички управуван од С.У. (55) од Струга и “мазда” со австриски регистaрски таблички, управувана од 34-годишниот Ј.М. од Австрија. Сите возачи се движеле од Гостивар кон Тетово, пренесува “Press24”.

Повреден е возачот на “хондата”. Во тек е полициски увид, по што ќе се знаат околностите кои довеле до судирот.

Фото: Press24