Сообраќајка во Скопје, се судрија четири возила на раскрсницата кај „Веро Центар“ (ФОТО)

1038

Сообраќајна незгода во која учествуваа четири возила се случи на раскрсницата кај „Веро Центар“, јавува репортерот на ТВ21 од терен.

Две возила се излетани од булеварот, а двете на самата раскрсница.

Полицијата врши увид, по што ќе бидат познати причините за оваа сообраќајна незгода. Сообраќајот се одвива наизменично.

Неколку фотографии од местото на настанот: