Сoпcтвеникот нa ТIМЕ.МК упати погрдни зборови кон власта

1392

Сопственикот на македонскиот агрегатор на вести Time.mk не може да ја разбере логиката на македонските власти кои во кулминација на корона кризата прават многу малку тестови.

Игор Трајковски кој соработувал и со Google News со прилично тешко навреди кон владините функционери за начинот на кој се справуваат со пандемијата.

“Во пик на пандемија да тестираш 1600 на ден, при 15000 активни е тотална капитулација.

Незаинтересираност, неспособност.

Идиотштина од епски размери. Кретени себични”, пишува Трајковски во невообичаено директната и остра порака пред целата јавнос.