СОПРУГАТА НÈ НАПУШТИ ЗАТОА ШТО НАШИОТ СИН ИМА ДАУНОВ СИНДОРМ: ЈАС НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ОСТАВАМ

694

Триесет и три годишниот русин, Евгениј Анисимов не сакал да го остави синот Миша во сиропиталиште, како што сакала неговата сопруга. Миша е роден со Даунов синдром, а сопругата на Евгениј на крајот ги напуштила.

Среќата по раѓањето на синот во ова руско семејство траела една минута и 39 секунди. Тогаш докторот рекол: „Се плашам дека вашето бебе е родено со Даунов синдром“.

“Не знаев што да направам кога дознав за тоа. Мислев дека морам да ги исклучам сите емоции, да станам рационален, да ја поддржам жената затоа што мислев дека и е потешко. Резултатите од анализите дојдоа за неколку дена, а лекарите дотогаш на сопругата ништо не и зборуваа“, изјави млад татко за „Bored Panda“.

“Се сеќавам дека тогаш излегов од болницата и плачев, но не долго. Подоцна се почувствував засрамен од тие солзи. Ништо лошо не се случи во мојот живот, сè уште имав и раце и нозе, знаење, одлучност, активност, љубопитност … Сè се случи како што планирав, се роди мојот син. Но, моето дете беше посебно, неговиот живот и иднината се различни “, рече тој.

Како што вели, тие не оделе на единственото стопроцентно безбедно испитување, амниоцентеза, бидејќи мали биле шансите детето да има Даунов синдром. Тој додаде дека наскоро дознал дека Дауновиот синдром е далеку од најлошото што можело да се случи.

Истата вечер, тој започнал да пребарува на Интернет, бидејќи дотогаш не знаел ништо за дијагнозата на неговиот син.

“Само се сетив на ужасната слика од учебникот по биологија. Дознав за Евелина Бледанс и нејзиниот Семјон, роден во истото гинеколошко одделение со Миша. Открив дека децата со овој синдром во Европа се многу добро социјализирани и живеат и работат независно. Но одлуката да останам со мојот син не беше донесена врз основа на тоа “, рече тој.

Неговата сопруга, од друга страна, не била подготвена за таква одговорност.

“Планирав како малиот ќе ужива во изгрејсонцето, како ќе го носам на скара, како ќе уживаме во животот. Можеби на некои им се чини дека животот ќе му биде несреќен, но тој ќе го има својот живот. Не ни помислував да го оставам во домза деца, тоа би било нехумано “, додаде тој.

Тој се развел од сопругата и стана самохран татко на дете на Сонцето, како што се нарекуваат децата со Даунов синдром.

„Ние секогаш имавме добра врска полна со доверба. Имавме разни периоди, тешкотии, недостаток на пари, разделба. Јас сум тип кој се прилагодува на сè, но во овој случај бев подготвен за конфликт, ѝ објаснив дека ќе надминеме сè. Но, ние се разделивме, сега ми е јасно дека таа се исплаши и оти погреши, но беше доцна да ги смениме работите “, рече тој.

Тој додаде дека ќе го воспитува Миша најдобро што може и ја раскажа својата приказна јавно за да ги охрабри другите кои се соочуваат со истите предизвици.