“Јас сум јака, јас сум непобедлива и можам да сторам се. Јас сум жена и јас сум мајка!” Приказната на оваа жена треба секој да ја слушне.
На 1 февруари 1992 година, бегав од насилен брак. Оваа слика е направена ноќта пред да избегам. Не знам како преживеав таа ноќ. Мојот сопруг ме сликаше, кажувајќи ми дека ова беше последната вечер што ќе ја поминам жива, па тој сакаше неговите синови да имаат некаков спомен од нивната мајка. Постариот има 4, а помладиот 2 години.
Сликата ја сподели Тим Шарп, едно од момчињата на сликата, кој сега е популарен австралиски уметник. Ова е приказната на неговата мајка.
„Искрено, не се грижев за себе. Бев премногу исцрпена и уморна од сè што поминав. Избегав заради моите синови. Не верував дека имаме иднина и надеж и не верував дека воопшто би можеле да го сториме тоа. Но, морав да пробам – заради нив. Морав да дадам се од себе да ги тргнам и да ги сокријам од злото.
Прво живеевме од денес за утре и се грижев само за најосновните работи, како храна и вода. Покрај тоа, Тим страда од аутизам, и секој ден се обидував да најдам барем мал сончев зрак за него. Смислив неколку правила за самата себе и ги следам и денес.“
1. Секогаш прво плаќајте ги сметките. Луѓето секогаш попрво ќе ве нахранат отколку да ви ги платат сметките. И така и беше.
2. Одете во набавка само еднаш неделно и така може ќе ви остане нешто ситно, за да одите на брегот на реката, на пример и да изедете една кесичка помфрит.
3. Колку и да е тешко да прашате што ви треба, кога ќе прашате, повеќето луѓе ќе се обидат да помогнат. Но, луѓето не читаат мисли, мора да побарате. И секогаш барајте го она што ви треба.
4. Секогаш бидете благодарни за секој и најмал знак на внимание.
5. Еден е најосамениот број, но барем го имаш целиот кревет само за себе. Вие сте единствениот капетан на вашиот брод.