Жената која поставила скриена камера, за да види дали соседот ѝ „буричка“ по фиоките со долна облека, го фатила во „сексуален чин со чорапа“, пренесува „Metro“.
Шерон Булман (45), рекла дека се чувствува „одвратно, валкано и разочарано“, бидејќи видела што прави, а веројатно и претходно тоа го правел, нејзиниот добар пријател Стив Гил и тоа во нејзината спална соба. На снимката се гледа дека Гил влегува во собата, ги повлекува завесите, пред да ја отвори фиоката и да земе долна облека. Шерон вели дека нејзиниот сосед „ја злоупотребил нејзината доверба на најлош можен начин“.
Шерон, која живее со сопругот и 1-годишното дете во Скелтон, Англија, му го дала клучот на соседот, откако им понудил помош, кога заминале на одмор во Кипар.
Се посомневала бидејќи имал чуден изговор
Гил им бил сосед седум години, а веројатно такви работи правел и порано. Шерон вели дека поставила скриена камера, кога во една прилика го видела на скалите, со чуден изговор – рекол дека отишол да го види тепихот кој неодамна го переле.
Работите станале уште почудни, кога Гил и испраќал чудни пораки.
„Здраво, драга Шерон, кога планираш да се вратиш во куќата“, ѝ напишал тој.
Камера во перницата
Парот купил камера, и ја ставил на перницата, а таа снимила сè.
Гил признал сè и добил една година условна казна и забрана за доближување на Шерон. Освен тоа, мора да се вклучи во програмата за лечење на сексуални престапници, да изработи 150 часа социјално-корисна работа, како и да плати 200 фунти трошоци и 500 фунти компензација на Шерон.