Малку е познато дека Арнолд Шварценегер има профил на “Reddit”, преку кој го објавува своето мислење на различни теми, од политика до филм. Но, неговите фанови најмногу ги ценат неговите совети за боди-билдинг и тренинзите.
Па така, еден негов фан се пожалил дека е во депресија, дека има проблеми со мотивација и го замолил за поддршка.
“Со месеци сум депресивен и не можам да се натерам да одам во теретана. Г-не Шварценегер, можете ли, ве молам, да ми кажете да го кренам својот мрзлив задник и да почнам? Се колнам дека ќе почнам да вежбам”, напишал фанот.
Одговорот на Арнолд ја воодушевил екипата на “Reddit”.
“Нема да бидам толку остар кон тебе. Те молам, немој ни ти да бидеш таков кон себе. Сите се соочуваме со предизвици и неуспеси. Понекогаш животот е како тренинг, но клучот е во тоа да станеш. Само малку помрдни се. Стани од креветот и направи неколку склекови или раздвижи се. Само направи нешто. Чекор по чекор и се надевам дека ќе ти биде подобро и дека ќе почнеш да одиш во теретана. Но, немој да се обвинуваш, тоа е само бескорисна приказна, која не ти помага да почнеш. Немој да се плашиш да побараш помош. Среќно”, му напишал актерот.

Фанот му се заблагодарил на поддршката и му ветил дека веднаш ќе почне да оди на тренинг, а Арнолд се обидел да му објасни дека е горд на него и го прашал како поминал на тренингот.
“Беше тежок тренинг, но се чувствував одлично. Одвај чекам да го повторам. После твојата мотивациска порака, бев среќен и дадов сѐ од себе за таа позитивна енергија да ја споделам со сите”, му напишал благодарниот обожавател.