Совршен Рафаело чизкејк, потребни се само 10 состојки и половина час

528

Ако сте во потрага по едноставен, брз и превкусен колач, не барајте понатаму!

„Index Recepti“ ви претставува рецепт за Рафаело чизкејк од 10 состојки. За припрема ви е потребен само половина час, а еднаш кога ќе го пробате, нема сомнеж дека овој десерт ќе стане редовен на вашата маса.

Потребни состојки (за 12 порции):

– 300 гр. кекси по избор

– 125 гр. путер

– 2 ќесички пудинг од ванила

– 100 гр. шеќер во прав

– 150 мл. ладно млеко

– 500 мл. хопла

– 250 гр. маскарпоне

– 200 гр. бела чоколада за готвење

– 200 гр. кокос

– 100 гр. листови бадем

Начин на припрема:

1. Кексите ставете ги во блендер, додајте го путерот и изблендирајте. Премачкајте го калапот со дијаметар од 26 центиметри со малку масло (вклучувајќи ги и страните), а потоа втиснете ја смесата во него.

2. Припремете го филот така што во еден сад ќе ги помешате двата пудинзи од ванила, шеќерот во прав и млекото. Добро промешајте ги состојките за да не останат грутки.

3. Во помало тенџере додајте 450 мл. хопла и ставете ја на оган, а потоа постепено додавајте ја смесата со пудинг, постојано мешајќи. Варете неколку минути додека не се згусне, а потоа тргнете го тенџерето од оган.

4. Во врелиот крем додајте 100 гр. бела чоколада за готвење, добро измешајте, а потоа додајте го и маскарпонето. Ставете го и кокосот, добро промешајте, а потоа смесата прелијте ја врз подлогата од кекси и измазнете ја нејзината површина.

5. Во помало тенџере загрејте ги преостанатите 50 мл. хопла, додајте ја белата чоколада и растопете. Тргнете го тенџерето од оган и оставете неколку минути да се излади.

6. Распоредете ја подеднакво глазурата врз колачот и одозгора ставете ги листовите бадем.

7. Чизкејтот ставете го 1 до 2 часа во фрижидер за да се стегне, а пред сечењето, оставете го 10-тина минути на собна температура. Потоа отстранете го обрачот на калапот и послужете.