Интер синоќа беше поразен од Лацио, а иако претходно се пишуваше дека Мауро Икарди откако се врати на тренинзите со екипата, ќе се најде во тимот за овој меч, но на крај до тоа не дојде.
Тренерот на Интер, Луџијано Спалети говореше за проблемите кои ги направи Мауро Икарди на Интер.
„Понижувачко е да преговарате со играч за тоа да го облече дресот на Интер. Начинот на кој се однесува, мора да остане надвор од теренот“ изјави Спалети.
Проблематичниот Аргнтинец после оваа вечер се чини си ја прокоцка и последната надеж за својата иднина во дресот на „нераѕурите“