Спанаќот е познат како „крал на зеленчукот ” од причина што изобилува со минерали и витамини, а листовите содржат големо количество на хлорофил. Само во 100 грама спанаќ има околу 1400 милиграми минерални состојки. Ајде да го видиме нутритивниот состав на оваа билка со сочни зелени листови.
Спанаќот е богат со железо, витамин А, Ц, Е, К, Б2 и Б6, магнезиум, манган, калциум, калиум, цинк, фолна киселина, ниацин, селен, омега-3 масни киселини и други хранливи материи, кои се здрави за функционирање на човечкото тело.
Поради високото присуство на магнезиум и калциум, спанаќот има добро диуретично својство ( го зголемува количеството на урина) и затоа е препорачлив кај луѓе, кои имаат проблеми со срцето, бубрезите и висок крвен притисок. Каротиноидниот пигмент што се наоѓа во спанаќот успешно се бори против ракот на простата и тоа на два начини.
Присутното железо во спанаќот е корисно средство за надминување на анемијата или слабокрвноста. Ова здраво зелено растение им се препорачува и на дијабетичарите, бидејќи содржи состојка секретин, која го оптамализира лачењето на бета-клетките и другите клетки на панкреасот, со што целосно го подобрува квалитетот на варењето и искористувањето на состојките од храната.
Спанаќот е добар и за луѓе, кои што имаат проблеми со празнење на дебелото црево (запек), бидејќи содржи доволно растителни влакна, магнезиум и хлорофил.
Сокот од свеж спанаќ е неопходен за нормална работа на целиот дигестивен тракт. Благотворното влијание врз работата на желудочно-цревниот тракт може да се заблагодари на факторот што во свежиот спанаќ постојат органски материи, кои ги прочистуваат цревата и ја овозможуваат нивната функционалност.