Спасил кученце и го донел дома, но потоа открил дека не е куче

809

Еден работник на едно градилиште во Велика Британија пронашол напуштено кученце… барем така мислел.

Тој го однел ова неодоливо суштество во својот дом за да се грижи за него, со оглед дека во негова близина не ја пронашол мајката, а потоа пријателите му откриле што всушност донел дома.

Станува збор за младенче на лисица кое многу потсетува на куче.

Веднаш го контактирал Здружението за заштита на животни од суровост (RSPCA) за да му кажат што да прави, пишува “People”.

Мет Браун, вработен во ова здружение, дошол по малата лисица и воочил дека таа е постара помалку од еден месец.

За младенчето моментално се грижат локалните ветеринари кои го хранат со млеко за кутриња, а наскоро ќе биде преместено во “RSPCA’s Stapley Grange Wildlife Centre” каде ќе остане сè додека не стане доволно возрасно за само да може да се снајде во дивината.