Специјална видео порака на Ципрас: Дознајте сѐ за Преспанскиот договор, време е да ја знаете вистината!

1711

Грчкиот премиер Алексис Ципрас објави специјална видео-порака наменета за граѓаните на Грција, во која што вели дека е време да се откријат фактите за Преспанскиот договор со Македонија и „да се дознае вистината“.

„Со Преспанскиот договор ја штитиме нашата (покраина) Македонија. Го надминуваме стравот и со инерција на самодоверба го отвораме патот кон мирот и економскиот раст“, порача Ципрас во видеото насловено како „Вистината за Преспанскиот договор“.

Тој договор, нагласува грчкиот премиер, е „камен темелник на пријателството на балканскиот регион, на соработката и братството на народите“.

„Нашите соседи го разликуваат својот идентитет, признаваат дека нивниот јазик е словенски и дека нивната култура не е на било кој начин поврзана со древното грчко наследство. Преку Преспанскиот договор го признаваме државјанството, а не етничката група. Нема да има иредентизам во нивните учебници. Тие ги менуваат називите на спомениците, инфраструктурата и јавниот простор“, порача Ципрас.

Видео пораката опфаќа снимки од потпишувањето на договорот помеѓу Македонија и Грција на 17-ти јуни 2018-та година, а има и извадоци од говорот на Ципрас во атинската концертна сала за тој договор.