Специјалниот пратеник Владо Бучковски денеска пристигнува во Софија на “кафе и ракија” со Борисов и Каракачанов

638

Специјалниот пратеник на Република Македонија за Бугарија Владо Бучковски денеска ќе пристигне во Софија на разговори со бугарски политичари.

Посетата ќе трае неколку дена. Бучковски беше во Софија на почетокот на декември. Потоа беше примен од министерот за надворешни работи Екатерина Захариева, премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

Според бугарските медиуми, целта на посетата на Бучковски е враќање на довербата меѓу двете земји и спроведување на Договорот за соседство и пријателство, кој беше потпишан на 1 август 2017 година.

Владо Бучковски беше назначен за специјален пратеник на македонската влада во Бугарија на почетокот на декември 2020 година.