Спектакуларен грабеж се случи на автопат во Италија кој што наликува на сценарио од некој холивудски акционен филм.
Италијанската полиција потврди дека маскирани криминалци успеале да украдат 2,3 милиони евра на автопат во јужна Италија. Тие за време на кражбата користеле багери со цел да го отворат блиндираното возило кое што ги пренесувало парите.
Специјалното возило кое што тргнало од Бари пренесувало пари за пензии, а криминалците го сопреле со помош на два шлепери со кои што го блокирале автопатот. Потоа, багерите ги искористиле како „отворачи“ со цел да дојдат до парите кои што се наоѓале во возилото.
Откако ги зеле парите, тие пред да побегнат со возило кое што ги чекало во близина, ги запалиле шлеперите.
Од италијанската полиција соопштија дека ниту еден од тројцата членови на обезбедувањето на блиндираното возило не биле повредени за време на кражбата.
— Drustvene mreze (@drustvenidrug) January 2, 2019