Спојлер! Планината од „Игра на тронови“ конечно ја тргна маската, изгледа страшно

815

Герегор Клегејн, страшниот Планина од Игра на тронови, во Вестер беше страв и трепет за луѓето, но откако успеа да ја измами смртта и од мртвите се врати како зомби витез кој не излегува од својот голем оклоп, неговиот лик предизвикуваше љубопитност кај гледачите.

Сега е добро време да напоменеме дека текстот подолу содржи спојлери, па доколку не сте ја гледале најновата епизода од оваа серија ќе биде добро да престанете да читате.

Во последната епизода од серијата го дочекавме она што бројни гледачи и фанови на серијата долго го посакуваа. Се случи долгоочекуваниот епски двобој помеѓу браќата Клегејн, а за таа прилика Сер Грегор конечно ја тргна маската.

Многумина се згрозија од тоа што се наоѓа под маската.

Под маската се појави зомби, бело лице со лузни и темновиолетови подочници, а некои гледачи тоа ги потсети на Варис.

„Планината изгледа како зомби верзија на Варис“

„Дали Планината е всушност Варис?“