Според BBC, овој град од регионот е најгрозен во Европа

920

Приштина е најгрозна европска претстолнина, оценил репортерот на BBC, кој во 2018-та година се нашол во близина на булеварите Џорџ Буш и Бил Клинтон во тој град во Косово и Метохија.

Наведува дека уредно платил соба во хотел без вода и одлучил да ги искористи наредните два дена за обиколка на градот изграден во комунистички стил со бетонски блокови, на неговите, како што вели, валкани улици.

“Не мислам дека е ова е најлошиот хотел на светот, но само затоа што светот е многу голем”, рекол Хашим Тачи за државниот хотел “Grand”, потсетува “BBC” и додава дека на сајтот “Lonely Planet” Приштина е опишана како “едно од не многу естетските места”, а “Boston Globe” ја опишува како “најгрозна и најсмешна престолнина во Европа”.

Првото место кое репортерот на “BBC” го обиколил е Националната библиотека на Косово, која на порталот “Virtual Tourist” го добила признанието за најгрозна зграда. Отворена е во 1982-ра година, а нејзината ограда најмногу потсетува на затвор.

За иронија го смета тоа што во Приштина се наоѓа Катедралата Мајка Тереза, а пред се затоа што Ватикан не ја признава косовската независност, но и затоа што 90 проценти од граѓаните на Косово се муслимани.