Според Унгарија, Брисел ги финансира џелатите на Исламската држава

762

Унгарската влада бара од Европската комисија да објави дали знаела дека Сириецот осомничен за тероризам добил припејд банкарска картичка по пристигнувањето во Европската Унија, изјави портпаролот на владата Иштван Холик.

Тој на денешната прес-конференција изјави дека адвокатот на осомничениот неодамна ги потврдил наводите дека неговиот клиент Хасан Ф., кој беше уапсен минатата година во Будимпешта, доби припејд дебитна картичка, објави унгарската агенција МТИ.

Сепак, Европската комисија продолжува да инсистира на тоа дека “анонимните картички за мигранти” не претставуваат опасност, рече Холи.

Тој рече дека портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто, претходно оваа недела изјави дека нема “анонимни картички за мигранти”, бидејќи комисијата знае на кого се дистрибуираат картичките и нивниот статус се проверува на месечна основа.

Холик кажа дека унгарската влада сака да знае дали Брисел е свесен дека „финансира џелат на Исламската држава”.

Луѓето, исто така, сакаат да имаат јасна претстава за тоа што се случува, рече портпаролот, додавајќи дека многу Европејци беа огорчени дека Брисел „користел мигрантски картички за финансирање на терористите”, објави агенцијата.