Лука Модриќ ја осети силата на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој преку тренерот на ,,кралевите”, Хулен Лопетеги, му испраќа јасна порака дека нема играње задкулисни игри со него.
Ова за Хрватот се однесува како казна од Перез за што му правеше позади грбот со тивкото преговарање со Интер. Но, откако пропаднаа преговорите и Модриќ остана на „Сантјаго Бернабеу“, пристигна и еден од најголемите ,,киксови” кој се има случено во поновата историја на фудбалски трансфери.
Пред вчерашниот меч на Интер против тимот на Торино кој заврши со 2-2, спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио имаше гостување на „Скај Спорт“, а се очекуваше да му биде поставено прашањето во врска со трансферот на Модриќ во редовите на италијанскиот клуб. Тој зачудено одговорил со зачудена гримаса.
– Модриќ? А кој е тој? Нашата филозофија на клубот е да зборуваме за одлични натпревари, одличен фудбал. Целта ни беше да имаме неколку искусни играчи во тимот, да имаме неколку резервни алтернативи и да знаеме да изненадиме во сите сегменти на играта. Сега сме комплетни.
Погледнете ги сите вести од спорт