Намирниците богати со антиоксиданти помагаат во одржување на здравјето и телото во одлична форма.
Во продолжение, погледнете кои 5 антиоксиданти треба да ги вклучите во својата исхрана:
Куркумин
Овој антиоксидант најмногу го има во куркумата, популарен индиски зачин. Редовната консумација на куркумин го намалува ризикот од срцеви заболувања, рак, Алцхајмерова болест и помага во забавување на процесот на стареење.
Пиперин
Пиперинот најчесто се среќава во црниот бибер, а неговата консумација помага во апсорпција на хранливите материи, го зајакнува имунитетот, ги намалува воспаленијата, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и помага при губење на килограмите.
Ликопен
Ликопенот е моќен растителен антиоксидант кој се наоѓа во црвеното овошје и зеленчук како домат, лубеница, цвекло… Ликопенот го подобрува расположението и го штити организмот од токсини и разни хронични болести.
Алицин
Лукот уште од дамнешни времиња се смета за природен антибиотик. Тој помеѓу останатото содржи алицин кој е познат по своите лековити својства. Помага во борба против настинки, го одржува имунитетот силен, го намалува високиот крвен притисок, го подобрува кардиоваскуларното здравје и влијае позитивно на здравјето на кожата и косата.
Ресвератрол
Ресвератролот е уште еден моќен антиоксидант кој се наоѓа во грозјето и бобинките. Тој го намалува високиот крвен притисок и го забрзува производството на добриот холестерол во телото. Истовремено, овој антиоксидант го одржува здравјето на мозочните клети и ги намалува симптомите на бројни болести.