На Фејсбук страната “Германско ќоше” објавена била фотографија која предизвикала воодушевување кај бројни корисници на социјалните мрежи.
“Босанци, Црногорци, Хрвати и Срби вчера влегле во кафуле во Берлин т.е економисти, математичари, физичари, социолози, доктори, маркетери, психолози, фармацевти, информатичари, статистичари и нема да верувате што се случило”, пишува во првиот дел од објавата на Фејсбук која предизвикала големо внимание во регионот.
“Седнале на пијалак, се дружеле и се смееле. Поука: Не е важно каде сте родени и дали верувате во Бог или во кој, туку дали сте г*мнар или човек”, пишува покрај фотографијата од групата млади луѓе која предизвикала бројни позитивни реакции.
“Made my day”, “секоја чест”, “браво памет и младост”, биле само некои од коментарите.
Инаку, “Германско ќоше” e организација која им помага на луѓе да се снајдат во Германија. “Ако размислувате за заминување за Германија, а сакате да слушате мислења, совети и искуства на луѓе кои веќе отишле, тогаш ова е вистинско место за Вас”, пишува во описот.