Среде бел ден во Скопје – охриѓанец го отвори багажникот и си натовари бекатон плочки од тротоар: „Да го направиме славен дедово“

794

Како што знаеме, на социјалните мрежи постојно се споделуваат видеа кои што ја покажуваат (не)културата на македонските граѓани.

Во видео кое што било објавено на социјалната мрежа Твитер е од Скопје, може да се забележи како маж со охридски регистерски таблиќки, кој што е во поодминати години, со својот автомобил застанува пред зграда.

На снимката е видливо дека на местото каде што застанува мажот моментално се поставуваат бекатон плочки со кои што се уредува тротоарот пред зградата.

Но, тој среде бел ден, излегува од својот автомобил и започнува да си става од бекатонките во својот багажник, па откако ќе си земе колку што му треба, влегува во автомобилот и си заминува.

Погледнете го видеото: