Српската полиција во потрага по Фатон Хајризи, кој уби полицаец и рани уште еден

385

Полицајци со долги цевки и кучиња, во полна „воена опрема“ го пребаруваат теренот во Лозница, местото каде што загина полицаецот Никола Крсмановиќ (34), а Вјекослав Илиќ (50) беше ранет во рамото.

Силни полициски сили трагаат по осомничениот за убиството.

Вишото јавно обвинителство во Шабац соопшти дека е спроведена истрага во Лозница, каде се сомничи дека Х.Ф. убил еден полицаец, а ранил друг, како и апсење на возачот на автомобилот од каде што било пукано.

Според албанските медиуми, станува збор за Фатон Хајризи.

На возачот на автомобилот од кој било пукано, Х.М. му е одредена мерка притвор до 48 часа од Основното јавно обвинителство Лозница поради сомнение дека сторил кривично дело илегално преминување на државната граница и криумчарење луѓе, соопштија за Танјуг од Вишото јавно обвинителство Шабац.

На лице место полицијата го пронашле осомничениот пасош издаден од Косово на име Хајзири Артан (33) и германска лична карта, а според српските служби и тој е осомничен.