Српски министер уверувал дека улиците се исчистени од снег, а потоа го туркал својот заглавен автомобил

467

Во неделата, Белград го зафати големо невреме, а српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Томислав Момировиќ, им се обратил на граѓаните за да ги увери дека сообраќајот во „сите делови на Србија се одвива непречено“.

„Ниту еден пат, ниту еден автопат, ниту еден државен пат од прв и втор ред не е блокиран. Сообраќајот насекаде се одвива непречено“, вели министерот.

Но, набрзо на Инстаграм објавил видео на кое се гледа како го турка автомобилот кој заглавил во снегот.

„Океј… Стојалиштата покрај автопатот дефинитивно би можеле да бидат малку подобро исчистени“, напишал Момировиќ под видеото.

Во продолжение, погледнете го видеото кое експресно стана хит на социјалните мрежи: