Српскиот претседател дрско му одговори на Јовиќ и се закани: Мислат дека со милионите можат да прават сè, но

700

Лука Јовиќ се обиде да објасни зошто го прекршил строгиот карантин кој е препорачан од српските власти за сите луѓе кои допатувале од ризичните земји каква што е Шпанија, но ако со својата објава се обиде да ја префрли вината на спротивната страна кон луѓето кои се задолжени да му дадат инструкции за тоа како да се однесува, брзо доби одговор од страна на Александар Вучиќ.

Претседателот на Србија не пропушти да даде коментар за фудбалските ѕвезди кои располагаат со милиони на својата сметка, нагласувајќи дека парите нема да им донесат никаква привилегија во дадената ситуација. Вучиќ во дадениот случај говореше во множина, бидјеќи покрај Јовиќ, карантиот го прекршил и Нинковиќ од Асколи.

– Овие млади луѓе кои располагаат со милиони мислат дека можат да направат се, но не е така. Животите на повозрасните луѓе нас ни се поважни, но и животите на сите други. Двајцата фудбалери најверојатно сега се каат, поднесени се пријави против нив. Ако се обидат да излезат уште еднаш, ќе бидат упасени во истиот момент. Едниот е во хотел, а другиот во апартман. Точно знаеме каде се, ако излезат надвор, ќе бидат приведени. Тоа е тоа, не мора дополнително да се изживуваме со нив, – порача српскиот претседател Вучиќ.