Српскиот ретседател Александар Вучиќ денес ја погреба првата сопруга Ксенија Вучиќ и ѝ се заблагодари за сè што направи за нивните деца да пораснат во добри и чесни луѓе.
„Ти благодарам што нашата Милица е силна и непоколеблива девојка денес, нашиот Данило е пристоен и храбар дечко, ти благодарам што ги воспитуваше нашите деца дека најголема вредност е да се биде добар човек.
Ти благодарам што беше мој верен пријател и поддршка сите овие години, што веруваше и несебично даваше се од себе, помагајќи и на нашата Србија и на народот да оди напред.
Ти заспа во прегратката на нашиот син, верувам дека така сакаше, прегратката на Милица и Данило беше целиот твој свет.
Почивај во мир и ти благодарам засекогаш за се. Твојот Александар„