Српското пиво второ по популарност во Европа

1204

Пивото од Србија е второ најпопуларно на пазарот во Европската Унија кога станува збор за вкупниот увоз на пиво од земјите надвор од Европа за 2017 година, покажуваат податоците од европската служба за статистика „Евростат“, објавени по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на пивото.

ЕУ минатата година од Србија увезила 48 милиони литри или 12 отсто од вкупниот увоз на пиво од земјите надвор од 28-члениот блок.

Пред српското е само мексиканското пиво, со оглед дека од Мексико се увезени 211 милиони литри, што е речиси 52 проценти од вкупниот увоз на пиво од пазарот надвор од ЕУ. На третото место е американското пиво (39 милиони литри или 10 отсто), следи белоруското (23 милиони литри или 6 отсто), кинеското (16 милиони литри или 4 отсто), украинското (11 милиони литри или 3 отсто), руското (10 милиони литри или 3 отсто) и тајландското пиво ( 9 милиони литри или 2 отсто) според податоците на „Евростат“.

ЕУ минатата година произвела 41 милијарда литри пиво, што е за 2,5 милијарди литри повеќе отколку во 2016 година и одговара на проиаводството од речиси 81 литар по жител. Произведено е и речиси 900 милиони литри пиво кое содржи помалку од 0,5 отсто алкохол или целосно без алкохол.

Германија за минатата година е лидер во произдводство на пиво со алкохол. По неа следи Велика Британија, па Полска, Холандија, Шпанија и Белгија.