КУРИР неофицијално дознава дека вечерва во Македонија имаме рекорд од 870 новозаразени во земјава.
Имено според нашите информации големото доцнење за објавувањето на новозаразените денеска се должи на црниот рекорд кој изнесува 870 новозаразени или близу 900 што е повеќе од алармантна бројка во земјава.
Според нашите информации во Скопје денеска има 422 новозаразени лица што исто така е рекорд од почетокот на пандемијата во март годинава.
Инаку Министерството за здравство иако веќе е 19:30 часот се уште не ги објави новите бројки.