Од денес па се до недела сите патишта водат во кафеана „Лантерн“! Верувајте има и зошто… Четвртокот, како што веќе знаете, задолжително е резервиран за најдобарата after work забава во градот. Истата стартува во 16 часот, а за неа овојпат ќе се погрижи составот „Ѓезме“. После нив свој настап ќе има веќе докажаниот Јоцо Бамбус чии што настапи се заштитен знак на секој четврток во „Лантерн“ во изминатиов период.
Новитет во „Лантерн“ се и after work забавите во петок. Па така, гостите од 16 часот до 20 часот ќе ги забавува Иле Манасков, а вечерта е резервирана за маестралниот Миле Кузмановски.
Во сабота ручекот со најблиските и семејството поминете го во „Лантерн“. Освен вкусна храна и супер амбиент, ќе имате можност да уживате и во жива музика, и тоа во текот на целиот ден.
А во недела ја репризираме саботата и повторно се забавувавме, овојпат во друштво на Алекса Димов, и тоа од 14 до 18 часот.
Направете ги вашите резервации на телефонските броеви: 071 29 84 84 и 071 29 53 11.