Стадионот на Наполи ќе се преименува во Диего Марадона?

536

Веста за смртта на Диего Марадона како земјотрес го погоди Неапол, италијанскиот град каде Аргентинецот имаше статус на божество.

Марадона токму во Наполи го доживеа најзначајните моменти во клупската кариера. Аргентинецот помина извонредни седум години во Наполи и за тоа време освои две титули во Серија А, Италијански куп, италијански Суперкуп, и триумфира во Купот на УЕФА. За навивачите на Наполи тоа е доволно да остане вечно во нивните срца.

EPA-EFE/CIRO FUSCO

Муралот на Марадона на една стара зграда е една од најпознатите туристички атракции во Неапол.

Мурал на Диего Марадона во Неапол/EPA-EFE/CIRO FUSCO

Диего за жителите на Неапол е речиси исто што и Папата за католиците и поради тоа воопшто не чуди идејата на градоначалникот Луиџи де Магистрис, стадионот на Наполи, „Сан Паоло“ да биде преименуван во чест на денеска починатиот Марадона.

Прочитајте и…  ФОТО: Си замина еден од најголемите на сите времиња: Ова се познати, но и непознати детали од животот на Диего Марадона

– Диего Армандо Марадона, најголемиот фудбалер на сите времиња го сакаше нашиот град и му даде толку многу на Неапол. Да се нарече стадионот по него и најмалку што ние како граѓани на Неапол можеме да го направиме за да му оддадеме признание за се што стори за нас – порача Де Магистрис.