Сталоне открива дека за малку умрел на снимањето на „Роки“ : Срцето ми отече (ВИДЕО)

665
Актерот Силвестер Сталоне открил дека додека ја снимал сцената за четвртиот дел на Роки мислел дека ќе умре додека се борел со колегата Долф Лундгрен, кој го отелотворувал ликот на Иван Драго.

„Првото нешто што го снимивме беше моето и неговото влегување и најавата, а потоа дојде до тепачка. За време на снимањето на тепачката заработив сериозни повреди. Екипата итно мораше да ме префрли од Канада на одделот за интензивна нега во болница во Калифорнија“, изјави тој за The Making of Rocky vs. Drago by Sylvester Stallone, кое го објави на YouTube.

„Па тој ме скрши, но јас не чувствував ништо во тој момент, срцето почна да ми отекува подоцна истата вечер. Крвниот притисок ми се искачи на 260 и требаше наскоро да разговарам со ангелите. Следно што се сеќавам беше на итен лет на мала височина“.

Тој додаде дека поминал четири дена во болница, опкружен со калуѓерки, а веднаш откако се опоравил се вратил да ја сними сцената до крај.