Стариот шармер со нов имиџ: 66-годишниот Пирс Броснан изгледа непрепознатливо

629

Помеѓу поканетите на овогодишното доделување на наградите “The Prince’s Trust”, во друштво на принцот Чарлс се појавил и еден добропознат холивудски маж – Пирс Броснан.

Иако на лицето имал нови “детали”, еден од најомилените тајни агенти на светот и овој пат го привлекувал целото внимание особено од женскиот род. Имено, 66-годишниот актер сега има нов имиџ – мустаќи и брада уредени во добропознатиот “Ван Дајк” стил.

Уредно потстрижената бела брада и мустаќи кои на краевите се извиткуваат кон нанадвор и елегантното, кроено по мерка сино одело се деталите кои успеале да го направат Броснан ѕвезда на црвениот тепих на “London Palladium”.

Својот нов изглед, актерот го негува веќе неколку недели, а се чини дека со истиот е задоволна и неговата сопруга Кили Шај Смит.