Избраниците на Игор Ангеловски, вкупно 15 од 23-цата денеска тренираа под негова команда, додека останатите осуммина чекаат резултати од тестирањето на коронавирус, пред да се приклучат на тимот, а последен доаѓа вечерва Енис Барди.
Македонската селекција утре ќе биде комплетна, а ќе има само два дена за финални подготовки, најмногу на тактички и психолошки палн пред историскиот ме.
Против Косово го нема Елиф Елмас, кој има ковид-19, но дојде Горан Пандев за да ја предводи селекцијата на пат кон историски успех и настап на еден континентален шампионат.