Масажата претставува една од најстарите терапии со која се лекувале луѓето. Истата предизвикува релаксација, помага во намалување на стресот, ја намалува напнатоста и болката во мускулите, ги олеснува главоболките и помага во проблемите со спиење. Масажата делува освежувачки, го поттикнува функционирањето на многуте делови од телото, го забрзува заздравувањето и го стимулира и опушта телото и духот. Исто така има голема улога и во негата на телото и е главно оружје во борбата против целулитот и масните наслаги. Иако во Скопје постoјат голем број на центри за масажи, мал е бројот на оние кои знаат стручно да работат и кои се обучени на вистински начин. Се со цел да се стави акцент на квалитетот, а не на квантитетот, центарот за масажа „Табоко“ од неодамна воведе обука која што на сите оние кои имаат желба во иднина професионално да се занимаваат со масажа им нуди можност да стекнат знаење за совршено познавање на Азиските масажи:
?Slimming bamboo massage,
?Thai massage
?Bamboo massage
?Anti-cellulite
Обуката опфаќа теоретски и практичен дел и обезбедува материјал за работа и е одлична појдовна основа за секој кој што сака да се бави со овој профитабилен бизнис.
Обуката за 4 масажи (slimming bamboo massage, thai massage, Bamboo massage, Anti-cellulite) во „Табоко“ е дизајнирана за сите идни професионалци, односно за сите учесници кои го сакаат овој вид на мануелен труд, со кој сигурно ќе биде полесно да се дојде до работа, како во салони спа центри, така и преку можност за отворање самостојно работно место во кое ќе можат да им дадат на клиентите сè она за кое ќе бидат обучени.
Курсот е наменет за невработени лица и долгорочно невработенилица, вработени лица кои сакаат доквалификација и преквалификација,загрозени групи на пазарот на трудот. Ова е одлична можност и за оние коивеќе имаат виша школа за масажа, односно диплома или курс од оваа област и сакаат да го усовршат своето знаење и вештина во масирањето, но и за оние кои веќе работат како масери се со цел да го збогатат занаетот, методите и пристапот на работа.
Сите кои ќе бидат дел од обуката откако ќе ја завршат истата ќе добијат сертификат од Европскиот центар за велнес, а во моментов во тек е промо акцијата за пријавување која што чини 250 евра за поединечна обука, односно 450 евра за тандем.
Повеќе информации и детали дознајте на телефонскиот број 078 453 817. На истиот телефонски број можете да ги направите и вашите резервации.
Не заборавајте, за да се биде успешен во она што се работи, најважен е квалитетот!