„Ставете го Коби на логото на НБА, а 24 август прогласете го за празник!“ (ФОТО)

655

Смртта на американската легенда Коби Брајант, кој во 41-та година од животот трагично загина вчера во хеликоптерска несреќа сино ги потресе САД и светот, откако бројни генерации пораснаа со еден од најголемите играчи кои се појавиле во НБА-лигата.

И откако беше потврдена ужасната вест за смртта на Брајант, американските навивачи веќе започнаа акција во која бараат во чест на големиот кошаркар да се повлечат броевите на дресовите во кои играл, да биде ставен на логото на НБА, а да се прогласи и еден ден за празник и тоа – 24 август!

Брајант ја започна кариерата со бројот осум и првата декада ја играше со овој број, а потоа втората со бројот 24. И оттаму сега барањето сите клубови во НБА повеќе да не ги користат овие броеви. Истовремено, како симболика со броевите во кои настапуваше Коби, бараат и да се прогласи национален празник – 24 август (24.8).

Претстојниот НБА ол-стар меч на сите ѕвезди закажан за идниот месец ќе биде најемотивниот во историјата после трагедијата на Брајант во која загина и неговта 13-годишна ќерка Џана Марија, па уште сега има апел едниот тим да игра во бројот осум, а другиот со – 24.

И на крај барањата одат до таму Брајант да биде новиот лик на логото на НБА, особено што остави силен белег во најсилната кошаркарска лига, а генерации и генерации гледаа НБА и почнаа да тренираат кошарка токму поради него.