Кога човек ќе види бујни и привлечни гради во провокативно деколте, знаете ли колкава е шансата барем на милисекунда да не погледнете таму – па рамна е на нула.
Тоа го докажува и оваа снимка во која учествува Витни Зелиг, 29-годишна девојка од Њујорк.
Таа ставила мини камера наместо копче на своето деколте и ги снимила реакциите на минувачите.
Значи, резултатот е јасен, сите гледале во нејзиното деколте, жени, мажи, девојки, старци, момци па дури и едно куче.
Витни имала и една хумана причина за да го сними ова видео – нејзината мајка преживеала рак на дојка, а целта ѝ била со хумористична снимка да ја подигне свеста за важноста за евентуалното лечење од оваа болест која погодува голем дел од жените.