Сте се запрашале ли што значат броевите испишани на аеродромските писти?

859

На секоја писта на која полетуваме или слетуваме постојат два броја чие значење ретко кој од патниците го знае.

Сигурно не сте имале можност да забележите дека на секоја писта се наоѓаат два броја од 1 до 35, секој на својата страна од пистата.

Така, пистата со бројот 09 означува исток (90°), пистата 18 означува југ (180°), пистата 27 е на запад (270°), а пистата 36 означува север (360°). На големите аеродроми може да се забележат и паралелни писти со ист број, така што тие добиваат добиваат и дополнителни букви L (лево), C (центар) и R (десно) зад секој број.

Аеродромите понекогаш може да ги променат овие броеви, како што се менуваат магнетните полиња, а со тоа и читањето на компасот. Затоа, отчитувањата се проверуваат на секои пет години.

Знаете ли и зошто сите прозорци во авионите се округли?

Многу луѓе се преплашуваат дури и од самата помисла дека треба да седнат во авион, но постојат и луѓе кои уживаат, па не се ни запрашуваат зошто авионските прозорци се округли, односно заоблени?

Авио индустирјата многу напредуваше во последниве години, но во првата половина од минатиот век работите не беа баш така сјајни. Имено, 1950 година се зема како година на почетокот на комерцијалните летови со авион. На самиот почеток прозорите во авионите биле во облик на квадрат.

Она што ги натерало да го променат нивниот облик била несреќа која се случила во 1954 година, кога авион во буквална смисла се распаднал во воздухот, при што загинале голем број на луѓе.

Верувале или не причината биле прозорците.

Логиката е едноставна. Било што, што има агол, автоматски има послаба точка. Прозорците во облик на квадрат имаат четири агли, што значи дека тоа се четири потенцијални слаби точки.

Поради тоа инженерите како стандард поставиле округли или елипсовиден облик на прозори кои полесно можат да издржат висок притисок, како оној кој воздухот го создава на авионите во текот на летот.