Уште од порано, а и во денешно време се случува кога луѓето не можат да најдат лек за некоја болест, па го бараат во свети работи, без разлика дали станува збор за цркви, манастири, света вода и така натаму.
Често пати луѓето одат во црвки се молат за својата болка, дел од нив го наоѓаат лекот, дел велат дека нема помош.
И овој пат станува збор за Сливничкиот манастир кој се наоѓа на 3 километри од селото Сливница во падините на планината Баба. Воедно овде и манастирската црква “Рождество на Пресвета Богородица” е посветена на Богородица.
Овој манастир се наоѓа како што рековме на 3 километри од истоименото село, односно на источниот брег од Преспанското езеро.
Овој манастир е подигнат во 1607 година и бил граден во три фази. Од тогаш потекнува и живописот во храмот, а исто така и дрвениот иконостас со иконите, крстот и царските двери.
Овој манастир е веќе стар 400 години. Во манастиро се наоѓаат и конаци кои вообичаено ги користат луѓето кои што живеат во Преспа.
Она што е интересно за овој манастир е тоа што во него има лековита вода за која многумина знаат.
Имено, во самиот двор на овој прекрасен манастир има чешма од која тече вода за која се верува дека е света и лековита. Еден жител, Чичко Бошко раскажува дека оваа вода која што течи од чешмата лекува од многу болести и исто така помага за плодност, т.е. за оние кои не можат да имаат деца.
-Оваа вода досега им помогнала на брачни двојки што биле во брак и по 19 години без деца. Помош бараат дури и Албанци што разбрале за нејзината чудотворност. Така пред шест години дојдоа браќата Авни, кој бил во брак 19 години и Бари. 10 години во брак, двајцата од Прилеп. По толку години во брак, денес тие имаат синови – раскажува чичко Бошко за порталот nmd-zdravje.com