РК Вардар го решава и прашањето околу десната крилна позиција. И во новата сезона актуелниот Европски првак ќе има респектабилна десна крилна линија, бидејќи друштво на Иван Чупиќ ќе му прави репрезентативецот на Македонија, Гоце Георгиевски. Репрезентативното десно крило потпишува договор на две години.
,,ВАРДАР ФАНС” го најави овој трансфер уште пред неколку денови, а сега стигна и официјална потврда од таборот на нашиот тим.
Му посакуваме добредојде во РК Вардар на Гоце Георгиевски!