Страшна смрт, затвореници се удавиле во полициско комбе: Ураганот однел 37 животи! Полицајците спасени, жените останале врзани и немоќни

954

Најновите жртви на поплавите кои ги донел ураганот Флоренс се две затворенички кои се удавиле во полициско комбе за транспорт на затвореници, кога бран од поплавата ги однел од патот. Со оваа несреќа бројот на настрадани се искачил на 37.

Затвореничките Венди Вентон (44) и Николет Грин (46) биле пренесувани со комбе во психијатриска установа во Јужна Каролина од двајца полицајци, кои успеале да се спасат.

Поточно, спасувачите ги пронашле полицајците на кровот од комбето, а како што било соопштено од канцеларијата на шерифот, тие претходно се обидувале да допрат до затвореничките кои биле на задното седиште.

“И покрај нашите напори, водата брзо продираше до возилото, па така не успеавме да ги отвориме вратите и да дојдеме до нив”, порачале од канцеларијата на шерифот.

Тие додале дека не успеале ни да го извлечат возилото од водата поради опасните услови, а дека телата на затвореничките и натаму се во комбето.

На прашањето каде се наоѓале затвореничките во моментот на несреќата, било кажано дека биле врзани со појас на задното седиште.

“Вчерашниот инцидент е трагедија”, рекол шерифот Филип Томпсон и додал дека започнала истрага поврзана со овој случај.