Страшна сообраќајна несреќа во Чешка: Двајца Македонци го загубија животот

629

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на автопатот Прага-Усти на Лаба во Чешка, а според чешките медиуми во несреќата загинале двајца Македонци, М.Б (30) и Д.Б.(27) од Скопје, кои се враќале кон Македонија, пренесува „ТВ21“.

Чешките медиуми пренесуваат дека автомобилот излетал од патот и удрил во мостот во правец кон Усти на Лаба.

„Според првичните сознанија, возило марка „БМВ“ излегло од автопатот, по што две лица, возач и сопатник, починаа на лице место“, изјавила портпаролката на полицијата, Вероника Хиплерова.