Итната помош и спасувачките екипи се упатиле на местото на несреќата.
Голема железничка несреќа се случила утрово во околу 7:30 часот на мост во Данска, а засега е познато дека загинале неколку лица, пренесува “Sputniknews.com”.
Според пишувањето на данските медиуми, мостот кој го поврзува теснецот Голем појас меѓу данските острови Зеланд и Фунен, од утрово е затворен поради силните ветрови.
No no no!
Deadly train crash on the Storebælt bridge close to Nyborg.
I'm using that bridge more than 10 times a year.
Have lots of friends and relatives on both sides of it. Hope they are fine!#Denmark pic.twitter.com/XUn9cdNfiL— Julian Röpcke (@JulianRoepcke) January 2, 2019
Според пишувањето на агенцијата “Ritzau”, најмалку шест лица загинале во несреќата. Итната помош и спасувачките екипи се упатиле на самото место.
Полицијата известува дека во оваа железничка несреќа загинале неколку лица.
Полицијата се огласила преку твит: “Во оваа фаза уште не можеме да обезбедиме детали за причините на несреќата, како и за состојбата на патниците. Избегнуваме шпекулации и трачеви. Ќе ве информираме кога ќе бидеме во можност”.
На социјалните мрежи веќе кружат фотографии од местото на несреќата. Луѓето пишуваат дека дошло до судир на патнички и товарен воз, кој пренесувал пиво. Засега се верува дека олујата е делумно одговорна за оваа несреќа.